Голем пожар ја зафати историската црква во центарот на Блекбурн, во северозападниот дел на Англија, претворајќи ја најстарата градба во градот во огнен пекол, пренесува РТ.
Пожарот почнал во изутрината и брзо се проширил низ целата зграда. Причината за пожарот е непозната, а пожарникарите се на местото на настанот со осум возила и два хеликоптери кои помагаат во гаснењето на пожарот.
Снимките од огнениот пекол покажуваат густи облаци од чад што се издигаат кон небото, а еден сведок изјави дека се слушаат и помали „експлозии”.
Major fire in #blackburn town centre this morning. Sounds like things are exploding as well. Hope everyone including emergency services are/stay safe. #lancashire #fire pic.twitter.com/C58mfN2jhV
— Joe Makepeace (@Joe_Makepeace) April 3, 2019
Питер Хауел-Џонс, ѓакон во катедралата Блекбурн, вели дека пожарот е тажен настан и се моли никој да не биде повреден”.
Првично отворена во 1789 година, во зградата порано била сместена во црквата „Св. Јован Евангелист“, која престанала со служби во 1975 година. Сега зградата служи како центар за уметност.