Шума и редок екосистем во заштитена област изгореа во големиот пожар што вчера избувна во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, а дури утрово беше ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, првичните проценки се дека изгореле околу 2.000 хектари шума.
Околу 90 пожарникари со 35 возила и два авиона учествуваа во гаснењето на пожарот.