Навивачите го исвиркаа Милан по ремито со Удинезе

Милан одигра нерешено со Удинезе (1:1) синоќа на домашен терен во натпреварот од 30. коло од шампионатот во Италија, по што навивачите на „росонерите“ беа разочарани и со свирежи ги испратија своите миленици.

 

Се чинеше дека Милан ќе стигне до полн погодок на овој дуел, откако пред крајот на првото полувреме, Кжиштоф Пјонтек му донесе водство на својот тим.

Сепак гостите од Удине не се предаваа и преку Кевин Лазања во 65. минута го изедначија резултатот.

Домашниот тим во првото полувреме поради повреди остана без Џанлуиџи Донарунума и Лукас Пакет.

Милан по 30. кола има 52 бода и е четврти во пресрет на денешните натпревари во Серија А.

Удинезе има 29 поени и е на 15-то место.

Треба да знаете
Последни објави