Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан изјави дека Пентагон очекува да биде разрешен спорот со Турција околу нејзината набавка на руските системи за противвоздушна одбрана С-400.
– Очекувам дека ќе го решиме тој проблем, со што (Турција) ќе може да има вистинска воена опрема, како ракети Патриот и авиони Ф-35, изјави Шанахан.
Изјавата на Шанахан следи откако САД соопштија дека ја прекинуваат испораката на воена опрема за борбените авиони Ф-35 за Турција.
Вашингтон се обидува да ја убеди Турција да го набави американскиот противвоздушен ракетен систем Патриот, наместо рускиот С-400.