Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Рајнхард Гриндел, поднесе оставка под притисок на јавноста и навивачите поради часовник од 6.000 евра.
Тој доби скап часовник од потпретседателот на УЕФА, Григориј Суркис.
„Цената на часовникот е 6.000 евра. Кога го добив подарокот не знаев дека вреди толку, ниту каква марка беше. Се извинувам за прифаќањето на часовникот”, изјави Гриндел на прес-конференцијата.
Тој додаде дека со прифаќањето на подарокот од Суркис не дошло до конфликт на интереси.
„Суркис немаше финансиски интерес во ФС на Германија. И тој дури и не побара поддршка од мене за ништо. Ни порано, ниту по тоа “, рече Гриндел.
Оставката претставува крај на тригодишниот контроверзен мандат на Гриндел на чело на сојузот.
Навивачите го критикуваа кога тој одлучи еден натпревар неделно да се одигра во Бундеслигата во понеделник и го забрани воведувањето пиротехнички објекти на стадионот.
Минатата недела магазин објави дека Гриндел не пријавил никакви дополнителни приходи, што тој мораше да го направи според законот, а сумата е 78.000 евра.