Британскиот кралски пар, принцот Хари и неговата сопруга Меган, успеаа да соберат милион следбеници на нивниот заеднички профил на „Инстаграм“ побрзо од било кој досега, соопшти Гинисовата книга на рекорди.
Тие вчера отвориле заеднички профил кој ги добил милионите следбеници за помалку од шест часа.
Нивниот профил веќе брои вкупно 2,6 милиони следбеници.
Хари и Меган профилот го нарекоа „sussexroyal“ и наведоа дека ќе го користат за споделување на важни објави.