Русија отвори центар за обука на пилоти во венецуела, кои ќе управуваат со руски хеликоптери, јави Ројтерс, повикувајќи се на рускиот државен индустриски конгломерат Ростек.
Според Ростек, центарот е промовиран минатиот четврток, истиот ден кога Белата куќа ги предупреди Москва и другите држави кои го поддржуваат венецуелскиот претседател Николас Мадуро да не му испраќаат војска и воена опрема, бидејќи тоа ќе се смета за ,,директна закана” за регионалната безбедност.
Вашингтон, кој го поддржува лидерот на опозицијата Хуана Гуидо, издаде предупредување откако два руски воени авиони слетаа покрај Каракас со стотици воен персонал, кои што Кремљ ги опиша како воени специјалисти.
Ростек објави дека во тренинг центарот пилотите ќе научат како да управуваат со руските хеликоптери Ми-35М, како и со руски транспортни хеликоптери, според Ројтерс.