Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод-Јункер изјави дека Велика Британија нема да добие ниту едно краткорочно поместување на рокот за брегзит, доколку нејзиниот парламент не го ратификува договорот за излез на ЕУ, најдоцна до 12 април.
„Крајниот рок за прифаќање на договорот е 12 април. Доколку ништо не биде направено до тогаш, нема да има можност за понатамошно одложување на брегзит“, изјави Јункер, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека најверојатно сценариото ќе биде излез без договор и истакна дека тоа не е она што тој го посакувал.
„Се погрижив ЕУ да биде подготвена и за овој исход“, рече Јункер.