Во кои земји во светот е незаконски да се биде геј

Во Брунеи пред два дена беше воведен строг и според многумина, бизарен закон, со кој прељубата и хомосексуалиот полов однос ќе бидат казнети со смрт и тоа со каменување.

На овие законски одредби, реагираа многу здруженија за човекови права, познати личности како Џорџ Клуни, Елтон Џон и Џејми Ли Кертис, но и многу политичари како поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.

Но тоа не е единствената држава во која луѓето се прогонети поради тоа што се хомосексуалци, пренесува Си-ен-ен. Поред извештајот на Меѓународното здружение на лезбејки, геј, бисексуалци, транс и интерсексуалци за хомофобијата на државно ниво, кое е објавено минатиот месец, шест држави членки на ОН имаат воведено смртна казна за договорени истополови сексуални дејствија, со што Брунеј сега стана седма.

Во извештајот се наведува дека смртна казна за такви дејствија е можна во уште пет држави членки. Во некои од нив, вака строгата казна се темели на шеријатското право, исламскиот правен систем, кој одредува строги телесни казни.

Спогодбените истополови односи се криминализирани во дури 70 земји членки на ОН, а во 26 од нив, казната за хомосексуални акти, се движи од 10 години затвор до доживотна казна затвор.

Треба да знаете
Последни објави