Зорана Михајловиќ: Заеднички премини во регионот се решение за чекањето на границите

Српскaта вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ изјави денеска дека, не само за Србија туку за сите земји во регионот, од големо значење е создавање на заеднички гранични премини со цел протокот на лица и стоки да тече побрзо и без чекање на границите.

Според соопштението од нејзиниот кабинет, таа беше гостин во утринската програма на телевизија „Хепи“ и рече дека Србија разговара со соседите да се отворат интегрирани граничните премини, затоа што тоа е решение за долгото чекање на границите.

„Со Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора градиме по еден граничен премин, сепак, проблем се земјите членки на ЕУ кои имаат свои процедури, но мислам дека ќе успееме да се договориме и со Бугарија и Романија“, рече Михајловиќ.

Михајловиќ додаде дека е недозволиво тоа што товарните возила чекаат на граничните премини и до 700 минути, и објави дека Србија ќе организира состанок со министрите за транспорт и полицијата во регионот, со цел да се реши овој проблем.

Треба да знаете
Последни објави