Египетскиот дресер Хамада Кута (32) бил нападнат во циркуската арена во Луганск од лав, пренесува „Спутник“.
Инцидентот се случил на премиерата на претставата пред децата, но дресерот продолжил со шоуто. Според дресерот, лавот бил вознемирен поради промена на локацијата и затоа се однесувал агресивно.
Луганскиот државен циркус неодамна промовираше нова програма наречена „Богатствата на Египет”, со изведувачи од московскиот цирус „Никулин“ и од наградуваниот Меѓународен фестивал на циркуски уметности во Монте Карло.
Дреерот се здобил со повреди на грбот, рацете и нозете, и со гребаници од канџи по целото тело. Циркуските изведувачи продолжиле со настапите следниот ден.



