(Видео) Младeнче на мечка именувано според градскиот фудбалски клуб

Берлинската зоолошката градина Тирпарк во вторникот го објави долгоочекуваното име на својата последна атракција четиримесечното младенче на поларна мечка.

Младенчето родено на 1 декември беше наречено Херта според истоимениот фудбалски клуб во главниот град.

Берлинскиот фудбалски клуб е спонзор на младенчето.

Клубот на зоолошката градина ѝ подари топка со име на младенчето, а во присуство на голем број фотографи, мајката Тоња и Херта влегоа во оградениот дел.

Херта се играше со топката пред камерите пред случајно да ја шутне топката во длабока вода околу оградениот дел, а мајката Тоња ја извлече.

Последната позната поларна мечка во зоолошката градина во Берлин, Кнут, почина предвреме поради болест во 2011 година на четиригодишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави