(Видео) Протести пред градското собрание во Белград, вработените ги чуваа вратите

Претставници на опозициската Сојуз за Србија се обидоа денеска да влезат во градското собрание во Белград, за да разговараат со градоначалникот Зоран Радојичиќ, но вработените во градската управа го блокираа влезот и ги спречија во намерата, пришто дојде до вербален судир.

Како што пренесе агенцијата „Онаса“ на вратата на зградата застанале вработени во управата, воглавно жени, додека симпатизерите на опозицијата кои пристигнале пред зградата извикувале „фашисти“, „срам да ви е“ и „стоп за насилството“.

Во еден момент стигнало и возилото на итната помош бидејќи им се слошило на две жени од управата.

Пред зградата немало полиција.

Треба да знаете
Последни објави