Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-би-си сели дел од компанијата во Амстердам, така што во случај да нема договор за брегзит може да продолжи да ја емитува својата програма во земјите на Европската Унија, објави агенцијата „Блимберг“.
Би-би-си во Амстердам не ја сели својата редакција на вести, туку дел од комерцијалното продукција која произведе многу гледани серии, како што се „Доктор Ху” и „Истендерс“.
Со оваа одлука Би-би-си сака да ја избегне судбината на Велика Британија, која би можела, како што стојат работите сега, во само осум дена без договор да ја напушти Европската Унија.
Ако ова се случи, британските медиуми ќе ги загубат преку ноќ своите дозволи за емитување во земјите на Европската Унија.
Производството на програмата на Би-би-си ќе продолжи во поголемиот дел во Велика Британија, додека одделот за постпродукција и дистрибуција ќе се пресели во Амстердам.
Според законодавството на ЕУ, директорот на медиумска куќа или значителен дел од вработените мора да се наоѓаат во една од земјите членки на ЕУ за да ја емитуваат својата програма.
Ако не пресели дел од својата организација, Би-би-си губи право на емитување, а со тоа и приходи од неколку стотици милиони евра годишно.
Би-би-си не е прва медиумска компанија која пред крајниот рок за брегзит барем делумно го напушта британскиот брод што тоне, Discovery, Viacom и Comcast веќе го сторија тоа.



