Додека сите одбегнуваат да летаат со Боинг 737, Литванец реши да патува како крал – тргна сам за Италија во авион што собира 188 патници

Додека сите одбегнуваат да летаат со Боинг 737, Литванец реши да патува како крал – тргна сам за Италија во авион што собира 188 патници

Литвански државјанин кој летал за Италија по влегувањето во авион го дочекало пријатно изненадување, зошто, според АП, бил единствениот патник во Боингот 737-800.

Скирмантас Стримаитис, кој летал од литванската престолнина Вилнус до италијанскиот град Бергамо на ски одмор, имал единствена можност да лета сам во авион кој прима 188 патници. Освен него, во авионот имало уште двајца пилоти и пет членови на посадата.

Стримаитис за АП изјави дека летот, кој траел нешто повеќе од два часа, му било едно „уникатно искуство“.

Треба да знаете
Последни објави