Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот

Кинескиот бенчмарк тест AnTuTu објави листа на најбрзи андроид паметни телефони за март, на чиј врв се уреди кои се базираат на процесорот Snapdragon 855. Меѓу првите десет има и неколку телефони опремени со Snapdragon 845 и Kirin 980.

На листата се застапени компаниите Huawei, Samsung, Xiaomi, Lenovo и Vivo. Седум од десетте уреди користат Snapdragon 855, два Kirin 980 и еден Snapdragon 845.

На прво место се најде водечкиот модел на Xiaomi, Mi 9 во неговата Transparent Edition верзија која постигна 372.072 поени на AnTuTu тестот. Веднаш зад него е стандардниот Mi 9 со 371.878 поени.

Треба да знаете
Последни објави