Етиопскиот министер за транспорт, Дагмавит Могес, објави дека авионот „боинг 737 Макс„ на „Етиопиан ерлајнс“ бил во добра состојба пред трагедијата, пренесува „Спутник“.
„Екипажот ги спровел сите процедури кои постојано ги дава производителот, но не можел да го контролира авионот. Во извештајот издаден од инспекторите се повикува „Боинг“ да ги провери системите за контрола на моделот Макс 737″, додаде Дагмавит на прес-конференцијата во Адис Абеба.
Според министерот, конечната изјава за катастрофата ќе биде објавена од страна на истражителите во рок од една година.
Претходно денес „Еј-би-си Њуз“ објави, цитирајќи извори блиски до истрагата, дека погрешните податоци и активирањето на системот против изненаден прекин на работата на моторите на паднатиот авион 737 Макс би можеле да бидат предизвикани од оштетување на сензорот предизвикано од некоја птица или стран објект по полетувањето.
Авионот на „Етиопијан ерлајнс“ падна во близина на главниот град на 10 март, при што загинаа 157 лица, што доведе до голема истрага и приземјување на моделот на 737 Макс во цел свет.
Бројни извештаи сугерираат дека дефект во системот против изненаден прекин на работата на моторите на авионот ја предизвикал трагедија, исто така забележувајќи сличности со падот на летот 610 на „Лајон ер“ во октомври 2018 година во Јаванското Море.



