Илиевски: Пилотот побарал да слета во Скопје, но се откажал и продолжил за Софија

Пилотот сам го прави планот на летање, и нема информации зошто летал над Солунска Глава. Ова го изјави првиот човек на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Зоран Илиевски.

Денеска пред новинарите беа соопшти детали за авионската несреќа штозавчера вторникот се случи на пет километри северозападно од Солунска Глава.

Тој додаде дека не сретнал случај во историјата некој да побарал слетување во ситуацијата кога авионот се наоѓа во опасност и да не добил дозвола, демантирајќи ги шпекулациите дека не добил одобрение да слета на Скопскиот аеродром.

„Целта ни е дојдеме до причината, во првите 20 дена од истрагата не можеме да коментираме. Досега не сум сретнал во историјата некој да побарал слетување во ситуацијата кога авионот се наоѓа во опасност и да не добил дозвола. Веќе дадовме барање до М-НАВ за преслушување на снимката и транскриптите и тогаш ќе бидеме сигурни. Од она што го знам, пилотот над прилепско побарал дозвола, но веднаш се откажал и продолжил за Софија“, изјави Илиевски на денешната прес-конференција во Владата.

Појасни дека пилотите со вакви авиони сами одлучуваат дали ќе летаат или не, одговарајќи на новинарско прашање за временските услови, и рече дека во генералната авијација, пилотот сам си го прави планот за летање.

Според Илиевски, направени се повеќе од 400 професионални фотографии и снимки со дрон што треба да помогнат за понатамошната истрага, за утврдување на причините за несреќата.

-Веќе е формирана комисија со тројца претставници од Комитетот, а дополнително ќе се ангажираат и надворешни експерти. Истрагата ќе се води во соработка со Центарот за воздухопловни истраги од Бугарија. Воспоставена е комуникација и има двајца истражители кои ќе бидат на располагање, кажа Илиевски.

За Илиевски, прва дејност е истрагата, а целта е да се дојде до причините за несреќата.

-Втората дејност е препораки за превенција како да не дојде повторно до таква несреќа. Неблагодарно е да влезам со претпоставки, сè додека не се анализирани сите податоци и примероци од авионот, кажа првиот човек на Комитетот.

Земен е примерок од горивото кој треба допрва да се анализира во акредитирана лабораторија и се чекаат податоци за целиот иосторијат на воздухопловот, односно дали имал претходно инциденти, и дали летал над Македонија.

За извлекување на остатоците од урнатиот авион кажа дека ќе причекаат времето на Солунска Глава малку да се подобри, бидејќи сега има многу снег, и дека мораат да бидат внимателни за да не се оштети некој дел од авионот

Авион од типот Цесна П210Н се урна на Солунска Глава на 2 април во 16.15 часот на надморска височина од 2.200 метри. Во несреќата загинаа пилотот, бугарскиот државјанин Георги Бошнаков, во чија сопственост бил малиот воздухоплов, неговата сопруга и двете деца. Авионот полета еден час претходно од Охрид кон Софија.

Во авионската несреќа загинаа Георги Бошнаков, кој го управувал авионот, неговата сопруга Калина и нивните ќерки и Гергана и Билјана.

Треба да знаете
Последни објави