Кинеските дипломати беа информирани за апсењето на Кинезинката во клубот Мар-а-Лаго на претседателот на САД, Доналд Трамп, во текот на викендот и ѝ обезбедија конзуларни услуги, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Портпаролот на Министерството, Генг Шуанг, за новинарите изјави дека кинескиот конзулат во Хјустон е информиран за апсењето на кинеската државјанка на 30 март и е во контакт со неа, пренесува АП.
Јуџинг Зенг е задржана во притвор под обвинение дека ги лажела агентите и нелегално влегла на имотот.
Јуџинг, која носеше два кинески пасоши, и УСБ со софтвер кој беше „заразен“ со вирус, ги излажала агентите на тајната служба дека дошла на базен и за кратко време била примена во одморалиште Мар-а-Лаго на американскиот претседател, Доналд Трамп, минатиот викенд за време на неговата посета на Флорида, кажаа федералните обвинители во судските документи.
Агентот Самуел Ивановиќ рече дека таа му кажала дека дошла поради кинеско-американскиот состанок и дека дошла порано за да го запознае клубот и да го фотографира, што е спротивно на она што го кажала на влезот на клубот.
Сепак, не постојат индиции дека Јуџинг Зенг била блиску до претседателот Трамп, ниту дека е поврзана со кинеската разузнавачка служба.



