Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.И.(42) од Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 03.04.2019 полициски службеници од СВР Скопје заедно со Одделот за крим полиција, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во станот на улицата Петар Дељан, каде престојува пријавениот.
При претресот биле пронајдени 84 грама хероин и дигитална вага со остатоци од хероин. С.И. бил уапсен, а по извршеното вештачење, по насоки на Јавен обвинител, поднесена е кривична пријава.



