Маркети во Виетнам зеленчукот наместо во кеси го пакуваат во лисја од банани

Повеќе Виетнамски трговски центри се приклучија на кампањата на некористење  производи од пластика, така што во обид да придонесат за заштита на животната средина одлучија зеленчукот наместо во пластични ќеси да го пакуваат во лисја од банана.

Купувачите во Лоте Март во Хо Ши Мин беа изненадени неодамна младиот кромид, бамјата и друг зеленчук го добија завиткан во лисја од банана, а компанијата по пробниот период планира да се прошири нивната употреба во сите трговски центри во земјата. По зеленчукот и свежото месо ќе се пакува во лисја од банани.
Лоте Март нуди и амбалажа за храна направена од шеќерна трска, а Биг Ц од Ханој на клиентите им нуди целосно биоразградливи кеси направен од пченка во прав.
Според официјалните податоци, Виетнам секојдневно произведува околу 2.500 тони пластичен отпад, а според УНЕП, земјата е на четвртото место во светот според количината на пластичен отпад што се фрла во океанот.

Треба да знаете
Последни објави