Масакр во Мали: Дали антитерористичките операции на САД и Франција поттикнуваат етнички тензии?

Бруталниот масакр во централниот дел на Мали, во кој загинаа 160 луѓе вклучувајќи и деца, ја зголеми загриженоста дека американските и француските антитерористички операции во оваа африканска нација ги разгоруваат етничките тензии, пренесува РТ.

Минатиот месец етничка милиција составена од ловци од племето Догон беше осомничена за масакрирање село во централниот дел на Мали, при што загинале 160 мажи, жени и деца. Селаните биле цел зашто се дел од етничката група Фулани, која беше обвинета за поддршка на Ал Каеда.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вети дека ќе спроведе бескомпромисна борба против тероризмот во Мали, но многумина стравуваат дека странските трупи всушност ги разгоруваат етничките конфликти.

Ајо Џонсон, новинар и експерт за африкански прашања, изјави за РТ дека меѓународната заедница се правеше слепа додека три милиони Фулани – повеќето од нив без врски со екстремистите – беа цел на етнички лов.

„Најголем дел од припадниците на Фулани не ја разбираат оваа војна. Тие не се дел од неа. Тие не се дел од Ал Каеда и нејзината мисија. Но, многу од нивните жени и деца се убиени и од страна на владините сили “, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави