На Табановце приведено лице од Албанија кое на пасошот прелепувало страници од друг пасош

Синоќа на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на лицето Б.Ф.(47) од Република Албанија биле отстранети делови од страници и на истите места биле додавани-прелепувани делови од страници од друга патна исправа.

Полицијата соопшти дека лицето бил приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави