Одрон ја затвори пештерата на Тито во Дрвар

Пештерата Титов во Дрвар ќе биде затворена за туристите бидејќи одрон ја уништил дрвената барака во пештерата, објави градоначалничката, Душица Руниќ.
Таа истакна дека пештерата, која се наоѓа во Меморијалниот комплекс „25 Мај 1944 година“ е еден од главните извори на приходи на општината, но се принудени да ја затворат заради безбедноста на туристите.

Одронот се случил по повеќемесечни дождови, кога во општината Дрвар во крајот на јануари беше прогласена состојба на природна катастрофа
Пештерата на Тито годишно ја посетуваат од 5.000 до 10.000 туристи. До војната во БиХ пештерата и меморијалниот комплекс „25 Мај“ годишно го посетувале 200.000 туристи, а оваа дестинација некогаш претставуваше незаобиколен дел на чченичките и студентските екскурзии.

Пештерата е обновена и отворена за туристи во 2006 година, а меморијалниот комплекс со Музејот “25 Мај” во 2009 година, кога е одбележана 65 годишнина од неуспешниот германски десант на Дрвар во Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави