Командантот на меѓународно непризнатите источни либиски сили лојални на Калиф Хафтар, денеска изјави дека неговите единици воспоставиле целосна контрола врз градот Гарјан, околу 100 километри јужно од Триполи.
– Во целост го контролираме Гарјан и токму сега додека разговараме се возам низ градот, изјавил во телефонски разговор за светските агенции Абделсалам ал Хаси, командант на силите кои се задолжени за обезбедување на западна Либија.
Градот Гарјан беше лојален на Владата во Триполи.
Десетици милиции војуваат за контрола во северноафриканската земја по падот на Муамер Гадафи во 2011 година кој беше отстранет од власт со помош на НАТО.
Самопрогласената либиска национална армија (ЛНА) на Калиф Хафтар се покажа како клучен играч во спротивставувањето на Владата во Триполи и во поддршката на паралелната администрација на исток.
Хафтар во јануари почна офанзива во областите каде се произведува нафта во јужна Либија, под параван дека уништува „терористи и криминални групи”.
Портпаролот на ЛНА Ахмед Месмари вчера изјави дека „подготовката е во завршна етапа … за прочистување на западот од терористи и платеници”.
Шефот на Владата на национално единство Фајез ал-Сараџ тој чекот го нарече „ескалација” и ги повика силите на Хафтар да „запрат да употребуваат јазик на закани”.



