Тројца се лесно повредени денеска на автопатот Гостивар-Тетово, информираат од тетовската полиција. Повеќе детали ќе има наскоро.
Фотографија од сообраќајна несреќа беше објавена на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“. На сликата се гледа дека автомобилот е уништен.
Ова е втора сообраќајна несреа на автопатот, откако во вторникот во судир на две возила на патарината кај Тетово загина жена, а тројца беа повредени.



