Пациент со запалка предизвикал пожар во болница во Словенија, тројца мртви

Истрагата на словенечката полиција откри дека пожарот што избувна во Општата болница во Јесенице на крајот од јануари оваа година, во кој настрадаа тројца пациенти, беше предизвикан од пациент кој употребил запалка за цигари, најверојатно за да го оштети безбедносниот механизам на креветот што потоа се запалил, според СТА.

Словенечката агенција потсетува дека пожарот избувнал во одделението за палијативна нега на 29 јануари.

Во таа просторија, двајца пациенти починаа на самото место, додека третиот пациент беше во критична состојба пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, каде што почина на почетокот на март.

Материјалната штета предизвикана од овој пожар беше проценета на 180.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави