Помпео: НАТО го стабилизира Западен Балкан

Државниот секретар на НАТО, Мајк Помпео на приемот во Вашингтон по повод 70-годишнината од формирањето на НАТО, оцени дека Алијансата на Балканот се соочила со етнички судири, но во тој регион донела стабилност.

Тој наведе дека „повторно и повторно, Европа и Северна Америка служеле под исто знаме поради сита цел – слобода и демократија, одвраќање на Советскиот Сојуз, донесување на стабилност на Западен Балкан, борба против тероризмот во Ирак и во Авганистан”.

– Се менуваме додека се менува светот околу нас. И додека гледаме заедно кон светот што е помалку предвидлив, продолжуваме да се држиме рамо до рамо, инвестирајќи уште повеќе во одбраната, модернизација на нашата Алијанса, одговарање на утрешнината во кибер просторот, посочи Помпео.

Треба да знаете
Последни објави