Поради пожар на главниот аеродром во Кенија затворен еден терминал

Еден терминал на аеродромот „Џомо Кенијата“ во Наироби беше затворен во четвртокот откако на аеродромот избувна пожар како резултат на неисправен систем за проверка на багажот, а патниците и екипажот беа евакуирани.

Главниот аеродром на земјата се соочи со слична ситуација во 2013 година, кога поради пожар голем број од летовите беа откажани.

Во последниот инцидент, кој се случи пред полноќ во средата, немаше повредени. Сите патници и персоналот на терминалот беа безбедно евакуирани, а пожарот беше изгаснат од пожарникарскиот тим на аеродромот.

Засега не се знае дали имало каков било прекин на летањето како резултат на инцидентот. Сите летови погодени од пожарот беа пренасочени кон соседниот терминал, додека властите работеа на повторно отворање, пренесува „Еуроњуз“.

Треба да знаете
Последни објави