Вашето присуство тука докажува дека вие нема да гласате според диктатот и дека првпат, владејачките албански партии се против албанскиот кандидат, посочи кандидатот за претседател Блерим Река на вечерашната средба со граѓаните во Сарај.
-Вашето присуство тука докажува дека вие нема да гласате според диктатот. Денеска прв пат, владејачките албански партии се против албанскиот кандидат. Сити сме од празни ветувања и ова е причината зошто нашите граѓани ја напуштаат земјата. Мојата програма е против празнењето на земјата. Вашите гласови нема да дозволат празнење на земјата. Денес во Македонија има само еден албански амбасадор, во единицата “Волците” – ниту еден припадник, вака не се влегува во Европа. Некои сакат да се скријат од одговорноста сакајќи да го изгаснат Специјалното обвинителство за да избегнат казна. Денес не можат да прифаќаат омаловажување, истакна Река.
Лидерот на Движењето Беса Биљал Касами рече дека Блерим Река со поддршката на сите Албанци ќе помине во вториот круг и дека ќе победат на изборите.
-Албанците се 500 илјади гласачи. Покана до Албанците, Македонците, Ромите да гласаат сите заедно за професорот Блерим Река, затоа што тој е најдобриот кандидат за Македонија, посочи Касами.
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села за време на митингот отворено истакна дека поддржувањето на кандидатурата на Блерим Река е вистинскиот пат што треба да го следат.
-Ние сме пред претседателски избори и тоа е вистинскиот пат што треба да га следиме. Ова е симболичниот пат на победата. Со вашата поддршка, со кренати глави излегуваме на избори и ние не сме како некои други што излегуваат поддржувајќи ги другите со срам. На 21 април гордо да продолжиме кон победата, сите да застанеме зад професорот Блерим Река, вака треба да постапат сите Албанци, рече Села.



