Русите сметаат дека Сочи е град со највесели жители во земјата, покажуваат резултатите од истражување спроведено од сервисот за резервации Tvil.ru.
Според анкетата, 25% од испитаниците рекле дека Сочи е највеселиот град во земјата. Меѓу првите три града се и Јалта и Екатеринбург, за кои гласале 21 односно 12 отсто од испитаниците. Четвртото место и припаѓа на престолнината Москва со 9 отсто од гласовите, додека на петто место е рускиот културен центар, Санкт Петербург, со 5 отсто.
Кон крајот на декември 2018 година, Сочи исто така беше прогласен за најпопуларен руски град меѓу туристите.



