Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во вечерашната дебата на Телма рече дека таа води двојна кампања: граѓанска и партиска.
-Јас сум непартиски кандидат. Имам и граѓански штаб составен од оние кои ја подржаа кандидатурата. Немам обврска да ја прифатам партиската програма. Јасно е дека не можете да победите ако не сте поддржани од голема партија. Во конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ стоеше дека не треба и не мора да ги прифаќате политиките на ВМРО-ДПМНЕ, рече Сиљановска.
Таа смета дека не е во ред премиер на државата и министри да се директно вклучени во кампањата на противкандидатот Стево Пендаровски.
Силјановска е на став дека не е добро на сите три главна функции да има политичари од иста партија или коалиција.
-Секоја власт се заканува да ве корумпира апсолутната апсолутно, ако сите три власти се најдат во една партија или коалиција ние ќе ја институционализираме партитократијата. Кога ме прашувате за нашите реалиции со лидерите, крајно невообичаено е да учествуваат во кампања за претседател премиерот и министрите, тие ја претставуваат државата.Премиерот е и мој премиер, и треба сите да се однесуваат технички. Премиерот на средбите не доаѓа со лична кола, а и на медиуми зборува и како премиер, користат јавен пристор да го промовираат својот кандидат, рече Силјановска.



