Хороскопот открива: Кои мажи најмногу изневеруваат?

Многу нешта се запишани во вашиот карактер, но и во ѕвездите. Една од нив е врноста во љубовните врски.

 

Биковите може да се пофалат дека се најверојатно најверните во зодијакот и претставниците на овој знак ќе направат сѐ нивната љубов да трае вечно. Раковите се веднаш зад нив на второ место, иако има повеќе шанси дека понекогаш ќе уживаат во невино флертување.

Мажите припадници на овие хороскопски знаци имаат најголеми шанси да изневерат, но сепак, земајте сѐ со резерва.

Овен

Припадниците на овој знак по природа се ловци. Дури и ако се заљубат, тешко остануваат верни бидејќи секогаш, макар и потсвесно, трагаат по нова љубовна авантура. Флертувањето им е омилена „спортска“ дисциплина.

Близнаци

Близнаците знаат да бидат одмаздољубиви и способни се да се впуштат во љубовна авантура само за да ја направат партнерката љубоморна и да докажат дека се родени заводници.

Стрелец

Припадниците на овој хороскопски знак нема да пропуштат ниту една прилика за заведување, па не е чудно што често менуваат партнерки и просто не знаат како да останат верни на една жена.

Треба да знаете
Последни објави