Американскиот амбасадор во Ватикан вели дека Кина лаже за верскиот прогон

Калиста Гингрич, американскиот амбасадор во Светата столица, изјави неделава дека Кина лаже за прогонот на верниците и дека мора да биде прозвана за кршење на човековите права, пренесува католичкиот магазин „Крукс“.

„Она што се случува во автохтониот регион на Ујгурите во Кина, Ксинџијанг, е навистина шокантно”, изјави Гингрич за Крук. „Според нашитре проценки, кинеските власти уапсиле повеќе од еден милион Ујгури, етнички Казахстанци и други муслимански и малцински групи, и ги испратиле во интернација во логори.

Според неа, овие групи се подложени на мачење, репресивни мерки за надгледување, конфискации на Куранот, сексуална злоупотреба и на смрт. Кина тврди дека овие кампови се ‘хумани центри за обука за работа’, но тоа е лага што не се демантира ни со документи од кинеската влада.

„Додека кинеската влада не ги измени своите контрапродуктивни политики кон верниците, САД ќе продолжат да ја искажуваат својата загриженост,” нагласи Гингрич.

Минатата есен, Ватикан потпиша договор со кинеската комунистичка влада во врска со именувањето на идните бискупи, но Кина оттогаш не покажала намера да се повлече од својата апсолутна контрола врз религиозната пракса во земјата, која и официјално е атеистичка. Високи црковни претставници го нарекоа договорот предавство на кинеските католици.

Според „Опен дорс“, група која го следи прогонот на христијаните во светот, антихристијанскиот прогон во Кина се интензивираше под водство на лидерот на Комунистичката партија, Сји
Ѓинпинг, кој вети дека ќе ги „покинези” религиите во земјата со тоа што ќе ги натера да ги наметнат основните комунистички вредности.

Прогонот на христијаните во Кина е на најлошо ниво повеќе од една деценија, а најмалку 50 милиони луѓе се соочуваат со некаква форма на репресија додека администрацијата на Сји го зацврстува својот став за религиозното обожавање.

Папата Франциско, од своја страна, јавно ја бранеше праксата на комунистичката Кина за верска слобода, тврдејќи дека кинеските цркви се полни и дека религијата слободно се практикува.

„Во Кина црквите се полни”, рече Франциско во интервју за „Ел паис” во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави