Американските медиуми објавија дека пејачката се лекува во институција за ментално здравје. Во болницата таа се пријавила сама и најверојатно ќе остане еден месец, објавија медиумите.
На овој храбар потег Бритни, на која лекарите ѝ дијагностицираа биполарно растројство во 2007 година, се одлучи откако не можеше да се справи со болеста на нејзиниот татко, Џејми Спирс.
https://www.instagram.com/p/BvziBzUgQoz/?utm_source=ig_embed
Сè до средата, таа долго време не се јавуваше преку социјалните мрежи, ниту пак се појавуваше во јавноста.
Пејачката во јануари објави дека мора да се фокусира на закрепнувањето на нејзиното семејство и таткото.
„Важно ми е семејство да ми биде приоритет. Тоа е одлуката што морав да ја донесам. Пред неколку месеци татко ми за малку ќе умреше. Сите сме многу благодарни што успеа да се извлече, но пред него сè уште има долг пат “, заклучи Бритни тогаш.



