Венецуелската армија во состојба на готовност по заговорот за атентат врз Мадуро

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја стави војската во состојба на готовност по обелоденувањето на заговор на опозицијата за атентат врз него и ги повика единиците на милициите да им се приклучат на провладините вооружени сили, познати како „колективос“, пренесува „Венецолана де телевизион“.

„Знам за нивните криминални планови – оние на опозицијата – за нивните планови да ме убијат”, рече Мадуро.

Според него, поради тоа, воените единици на земјата се ставени во состојба на готовност и била донесена одлука за зголемување на разузнавачките и контраразузнавачките активности.

Мадуро рече дека милицијата која им се приклучила на „колективос“ била неопходна за да се обезбеди мир во венецуелските градови. Тој посочи дека оваа мерка “е уставна, легитимна и неопходна”.

„На криминалците платени од опозициските сили кои се спротивставуваат на актуелните власти не треба да им биде дозволено да поттикнат насилство“, рече Мадуро.

Венецуелскиот лидер, исто така, верува дека сегашната опозиција предводена од Хуан Гуаидо е најкриминална во изминативе 20 години. Тој уште еднаш ги обвини политичките противници  во земјата и американската администрација за саботирање на електроцентралите и трафостаниците во земјата што доведе до сериозни проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Треба да знаете
Последни објави