Вознемирувачко видео: Татко монструм ја фрлил ќерката низ скали, бидејќи се скарала со братчето во супермаркет

Татко монструм ја фрлил ќерката низ скали, бидејќи се скарала со братчето во супермаркет

Маж кој ја турнал низ скали својата 6-годишна ќерка е уапсен, после објавување на шокантна снимка на друштвените мрежи.

Инцидентот се случил во Украина, а се снимила сигурносната камера. Таткото на 4 деца, својата ќерка Анџелика ја извлекол од супермаркетот бидејќи се скарала со братчето кој ќе ја турка количката во маркетот и ја фрлил низ скалите.

Девојчето од силниот удар било шокирано и само го гледало својот татко кој ја оставил да лежи на подот и се вратил во продавницата. За среќа детето не е тешко повредено, туку поминало само со подливи. Таткото подоцна тврдел дека девојчето само паднало, затоа што се тргало од неговите раце.

„Само сакав да ја изнесам надвор, затоа што се караше со братчето, но кога излегов надвор таа сама се извлече од моите раце и падна“, тврдел таткото.

Мајката на уапсениот рекла дека нејзиниот син е добар човек, но само чувствувал притисок поради четирите деца, затоа што жената му била во болница. Тој е обвинет за родителско занемарување и може да биде осуден на една година тешка работа ако биде прогласен за виновен.

Треба да знаете
Последни објави