На судот во Лондон, додека се разгледувал случајот на жена која има намалена когнитивна способност, дошло до сериозен конфликт.
Судијата Хејден рекол дека „секс со сопругата е основно човеково право на секој маж“, а сето тоа било проади жалбата која ја поднел еден маж,.Тој поднел жалба на претходната одлука на судот, со која му се забранува сексуален однос со 20-годишната сопруга, бидејќи поради менталната попреченост, таа повеќе не може да даде своја согласност на тоа. Судиите тогаш нагласиле дека со таква одлука ја спречуваат можноста таа жена да се смета за силувана.
Многу борци за човекови права ја коментирале изјавата на судијата Хејден, велејќи дека тоа е „легитимирање на мизогинија и омраза кон жените“.
„Не постои закон кој им овозможува на мажите да инсистираат на секс, ако нема согласност – тоа е силување“, напишал на Твитер Дебонир.



