Мајк Пенс: Турција за избере, ние, или С-400

Заменик претседателот на САД, Мајк Пенс, ја предупреди Турција на купувањето на рускиот противвоздушен систем С-400, и со тоа продолжи да врши притисок врз земјата да се откаже од купувањето, на кое Вашинтон гледа како на закана, пренесе „Ројтерс“.

„Турција мора да избере дали сака да остане сојузник на најуспешната воена алијанса во историјата, или сака, со своите непромислени одлуки да го загрози партнерството“, изјави Пенс во Вашингтон.

Како што се наведува, САД би можеле да воведат санкции врз Турција поради одлуката да купат руски системи.

Треба да знаете
Последни објави