Пендаровски до Силјановска: Ќе мора некоја утрешна грчка влада да ја убедите да прави нов договор

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во вечерашната дебата на телевизија Телма ја праша противкандидатката Гордана Сиљановска Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент.

-Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува. Можно е менување на Договорот од Преспа, но потребна е согласност од двете страни. Еве нека каже Сиљановска како планираат да го сменат. Вие ќе морате со некоja утрешна грчка Влада да ги убедите дека треба повторно да го отворите тоа прашање и да препрeгoварате и дали со таков нов догoвот ќе направат да стои македонски јазик бидејќи и сега придавките македонски и кодовите МК и сега ги има не знам што би било подобро , а притоа тој Договор да го ратификуваат во грчкиот Парламент, праша Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави