Сто килограми катран од афион пронајдени во куќа во Кавадарци 

Сто килограми кафена материја во канти, најверојатно катран од афион, биле пронајдени во напуштена куќа во Кавадарци, информираат од СВР Велес.

Според полицијата, синоќа во 18.45 часот бил извршен претрес во напуштена куќа на улицата Рајна Соколова во Кавадарци.

Во куќата биле пронајдени десет канти со тежина од околу 100 килограми со непозната тврда кафена материја, најверојатно катран од афион.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави