Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ на средби со граѓаните на Чашка, Лозово, Охрид и граѓански трибини во Свети Николе и Велес

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ денеска ќе биде на средби со граѓаните на Чашка, Лозово и Охрид и граѓански трибини во Свети Николе и Велес.

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Чашка, а ќе се сретне и со граѓаните од општина Лозово.

По средбите со граѓаните на Чашка и Лозово, на градскиот плоштад Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Свети Николе.

Подоцна, на Амфитеатар во Велес, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на општина Аеродром на која ќе се обрати Стево Пендаровски. На оваа трибина ќе се приклучи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Истовремено делегација на СДСМ предводена од потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски ќе биде со граѓаните на Охрид.

Треба да знаете
Последни објави