Џени Гaрт им одговори на обожавателите кои ја критикуваа дека претерала со ботокс

Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, Џени Гарт, стана цел на критики поради фотографијата што ја објави на социјалните мрежи, но таа  им одговори на оние што ја критикуваа.

https://www.instagram.com/p/Bvtk2wgHBii/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_control

Актерката на „Инстаграм“ објави селфи со колешката Тори Спелинг, а подолу е еден од негативните коментари на нејзините следбеници:

„О, Џени. Ти си убава и не ти треба многу ботокс. За жал, овде си непрепознатлива.“

Џени, која деновиве го прослави својот 47. роденден, напиша кратко: „Благодарам?”

На вториот коментар дека „изгледа толку пластично”, актерката одговори: „Не, јас сум само човечко суштество”.

Но таа престана да одговара на коментарите за нејзиниот изглед, па на прашањето: „Што се случи со твоето лице?”, одговори: „Ха, прекрасен си”. Тој обожавател подоцна ѝ се извини на актерката, додавајќи дека немал намера да ја навреди.

Треба да знаете
Последни објави