Реал Мадрид го договорил привлекувањето на големата ѕвезда на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, тврди германското издание „Билд”.
Српскиот напаѓач ќе го финализира наскоро трансферот на „Сантијаго Бернабеу”, а за него ќе бидат платени 50 милиони евра.
Изданието тврди дека тој ќе потпише договор за шест години со „кралевите” и ќе добива многу посолидна плата од онаа која во моментов прибира во германскиот тим. Параметрите сепак не се откриваат.
Името на Лука беше поврзувано и со Барселона, но на крајот мадриѓани ги победија „каталонците” за неговиот потпис.
Јовиќ има на сметка 16 гола и 5 асистенции во 25 натпревари за својот клупски тим оваа сезона.