Фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле продолжи со тренинзите со првиот тим. Французинот целосно ја санира повреда на колкот добиена во осминафиналето на Лигата на шампионите со Лион (5:1).
Оваа сезона, 21-годишниот Дембеле одигра на 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 гола и оствари осум асистенции.
Барселона утревечер на домашен терен го игра дербито со Атлетико Мадрид. Евентуален триумф на овој дуел за Каталонците ќе значи огромен чекор кон нова шампионска титула.