Ердоган: На Европа и САД ќе им биде подобро да си седат на свое место

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги обвини Европа и САД дека се мешаат во внатрешните работи на Турција, по нивните коментари во врска со резултатите од локалните избори во земјата, на кои неговата партија може да ја зaгуби власта во Истанбул и Анкара.

„Америка и Европа, кои се мешаат во нашите внатрешни работи, треба да си седат таму каде што се“, рече Ердоган во своето прво обраќање по постизборното во неделата навечер.

Иако неговата Партија за правда и развој (АКП) општо води на локалните избори што се одржаа во неделата, според прелиминарните резултати, ги губи Анкара и Истанбул, двата најголеми градови во земјата.

Партијата на Ердоган побара пребројување на гласовите во Истанбул повикувајќи се на неправилности, со оценка дека голем број гласови се поништени, со што се оштетени нејзините кандидати.

Партијата најави дека ќе побара и поширока проверка во главниот град Анкара, каде првичните резултати исто така покажуваат тесна победа на опозицијата.

Овие порази, доколку официјално се потврдат, би биле болни за Ердоган, чија партија доминираше во двата града во текот на изминатите 25 години.

Треба да знаете
Последни објави