Следниот четврток, на 11 април, завршува рокот за доставување барања за набавка на приплоден добиток, а до 18 април трае јавниот повик за воспоставување локални акциски групи (ЛАГ).
Како што соопшти денеска раководителот на Секторот за рурален развој во МЗШВ, Трајан Димковски, годинава вкупната сума за набавка на приплоден добиток е зголемена од 14 на 91 милион денари. Целта е развој на сточарството и обнова на генетскиот потенцијал на добитокот.
-Новина е и тоа што сите апликанти на овој повик прво треба да достават барање за користење средства и откако ќе склучат договор, да ја понат реализацијата на инвестицијата, нагласи Димковски додавајќи дека ваквата промена е донесена по барање на сточарите.
Вкупната финансиска поддршка за воспоставувањето локални акциски групи и реализирањето стратегии за локален реазвој на руралните средини изнесува 14 милиони денари. Секој ЛАГ поединечно ќе има на располагање максимум 800.000 денари.
Поддршката е стопроцентна, а корисниците ќе имаат опција за авансна исплата во висина од 40 отсто од одобрените прифатливи трошоци. Овие средства може да се искористат за обезбедување простории и опрема за работа, организирање настани, градба и реконструкција на објекти, развој на инфраструктура, поддршка на рурални бизниси…,рече раководителот.
Димковски потсети и дека е во тек јавниот повик за организирање и спроведување локални манифестации. Оваа мерка, според него, е важна за промоција на македонските земјоделски производи.
-За мерката може да конкурираат сите регистрирани земјоделски здруженија кои работат во областа на земјоделството, шумарството и водостопанството. Рокот за доставување барања е до 31 мај, напомена Димковски.