Мицевски: Инвестиција како експресниот пат, Крива Паланка немала од осамостојувањето

Обиколка на градежните активности за изградба на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце денеска извршија градоначалникот на општината, Борјанчо Мицевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП Државни Патишта, Зоран Китанов.

Како што информираат од надлежното министерство, станува збор за инвестиција во висина од приближно 58 милиони евра.

Градоначалникот Мицевски пред присутните изјавил дека ваква инвестиција во општина Крива Паланка немало од осамостојувањето до денес.

„Не се случило да се влеат толку финасиски средства во капитални инвестиции во сферата на инфраструктурата од ’91 година“, рекол градоначалникот.

Тој се заблагодарил од лично име, но и од името на граѓаните на Крива Паланка, до ресорниот министер, но и до Владата, која, како што рекол, искрено вложува огромни напори за подобрување на инфраструктурата во регионот.

Во рамки на посетата, министерот Сугарески потенцирал дека инфрастуктурата е највисок приоритет на Владата.

„Затоа ние денес сме тука заедно со Директор на ЈП Државни Патишта, на увид на градежните активности, кои се вршат на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце, кој што е еден од четирите експресни патишта кои тековно се градат во нашата држава и за нас како министерство и генерално како Влада и како и за другите најповикани институции во делот на изградбата на патишта, е многу битно, дека во овој регион се вложуаваат големи средства во делот на изградбата на патната и железничаката инфраструктура“, нагласил Сугарески.

Треба да знаете
Последни објави