Моринга – суперлек за многу болести

Морингата е природен лек кој е препорачан од многу нутриционисти. Таа претставува суперлек за многу болести.

 

Таа доаѓа од дрво кое расте во подножјето на Хималаите и некои региони во Индија, Африка, Пакистан и Тајланд. Како и другите популарни намирници, нејзините предности за здравјето се познати во разни култури. Интересот за неа пораснал со огромна брзина изминатите години.

Нејзиното семе, цвет, сок, лист и корен се користат за лечење на разни болести, вклучувајќи: отоци, артритис, епилепсија, пореметување на штитната жлезда, болести на анемија, вирусни и паразитски инфекции. Таа го подобрува и здравјето на кожата и косата , го подобрува кардиоваскуларното здравје и е одличен чувар на имунитетот.

Морингата содржи повеќе витамин А од морковите, повеќе калциум од млекото, повеќе железо од спанаќот, витамин Ц од портокалот и повеќе калиум од бананите.

За разлика од многу видови суперхрана, изненадувачки,  таа има одличен вкус. Почнете го денот со 1 лажица моринга, 1 лажица мед и сок од половина лимон, измешано со вода.

Треба да знаете
Последни објави