Праисториски кит со четири нозе со копита бил откриен долж брегот на Перу, а големиот 42,6 милиони години стар фосил сугерира дека суштеството можело да се движи и по копното, така што дава нови сознанија за тоа како предците на најголемите цицачи на Земјата ја направиле транзицијата од копно во море.
Според фосилот на китот, откриен во морските седименти долж перуанскиот брег, се чини дека бил адаптиран за полу-воден животен стил. Неговите копита и обликот на нозете сугерираат дека би можеле да ја поднесат тежината на своето големо тело долго четири метри и да одат на копно. Другите анатомски карактеристики, вклучувајќи ја и моќната опашка и шепите слични на видра, сугерираат дека исто така бил силен пливач.
Перуанскиот фосил сугерираат дека првите китови можеле да го преминат Јужниот Атлантик со помош на западните струи и фактот дека во тоа време растојанието помеѓу двата континента било половина од она што е денес.